
NEWS ARCHIVE
06.06.2013
- 23.55: [Eskişehir] Луѓето од Ескишехир се на стража во Espark: pic.twitter.com/aX0pxH2zzo
- 23.51: [Анкара] Стотици луѓе од Tuzlacayir влегоа на Kizilay плоштадот.
- 23.35: Комората на хемиски инженери ги објави резултатите од своето истражување на пепер спрејот: http://www.ulag2013.org/yonetim/kcfinder/upload/files/biber_gazi_basin%20aciklamasi_kmo.pdf
- 23.20: [Истанбул] во живо од Gezi парк за ÇAPUL.TV - www.capul.tv .
- 23.10: [Истанбул] Судирот во Гази продолжува. Има повредени.
- 22.19: [Анкара] Луѓето почнаа со здружување на нивните групи. Масите во İlker улицата и Dikmen се собраа заедно. Од таму почнаа да маршираат кон полициската централа со група од 5000. Во Çetin Emeç Улица народ од 150 на Öveçler и 3000 на Ahmed Arif парк се собраа заедно.
05.06.2013
- 23.47: [Анкара] 1.500 луѓе продолжуваат со протест во авенијата Kennedy. Протестантите ги повикуваат ТОМА и шкорпионите (наоружано полицијско возило со повеќекратна можност за испукување на солзавец) пред Американската амбасада. Полицијата беше претходно снимена како му довикува на еден од протестантите да искочи од зградата (каде што се криел) дека нека ништо да му сторат, меѓутоа чим искочил го погодиле со солзавец.
- 21.33: [Истанбул] Илијадници маршираат во Sefakoy Cennet четврта кон Hurriyet авенијата
- 21.31: [Анкара] Полициските сили лансираат гас бомби во Necatibey авенијата и уличките на Maltepe.
- 21.29: [Анкара] Судир меѓу полицијата и демонстрантите започнале откако полициските сили нападнаа група на петстотини кои се собраа по нападите на Сакарја Caddesi.
- 21.28: [Анкара] Една група од околу петстотини се собраа во Danisment, Kecioren и ја започнаа својата прошетка кон соседството 19 мај.
- 21.21: [Анкара] Судирите во Kızılay, Sakarya, Kolej и Kurtuluş окрузите се прекинати за сега. ТОМА, оклопни полициски возила и сили за контрола на нереди продолжуваат да патролираат во окрузите.
- 21.19: [Едрене] Јавно соопштение е дадено во Едрене. Според соопштението прочитано од страна на Претседателот на секцијата за Конфедерација на Прогресивните синдикати на Турција, формирањето на платформа во знак на солидарност за отпорноста на Таксим е планирано.
- 20.26: [Анкара] Според информациите споделени на Твитер од страна на Cinar Ozer од Ватан весникот, полицијата, по нападите на Kizilay плоштадот, објави, "Жителите на Анкара, нашата интервенција е завршена. Можете да се вратите кон вашиот секојдневен живот. http://www.sendika.org/wp-content/uploads/2013/06/ankara5haziran23.jpg
- 20.15: [Анкара] Судирите кои вклучуваат употреба на солзавец продолжи на Sakarya авенија и околината.
- 20.13: [Анкара] Прикриени полицајци почнаа да приведуваат некои луѓе околу 96lar мост и калдрмата во Kızılay.
- 20.10: [Антакија] Протест со свеќи ќе биде изведен за починатиот Abdullah Cömert кои беше убиен од страна на полицијата за спречување безредија со присуство на некои членови на парламентот, градоначалникот и магистратот.
- 20.05: [Анкара] Една група пред Kizilay трговскиот центар на Kizilay плоштад скандира "рака под рака против фашизмот". TOMA прска на групата со вода под притисок. Покрај тоа, едно лице на плоштадот страдаше од епилептични шок. Брзата помош пристигна на местото на настанот за повредените.
- 20.04: [Анкара] Група на луѓе во Ататурк авенијата го блокираа патот повторно додека полицијата се обидуваше да го отвори.
- 19.46: [Орду] На протестниот марш во Орду кој започна пред КЕСК зградата продолжи кон Fidangör авенијата. Толпата koja се состои од 500 луѓе одлучија да седат во знак на протест против полициско насилство. После тоа луѓето заиграа оро со музика и ги прекинаа протестите со соопштение за јавноста.